Пакистанец на десетгодишно момченце му ги отсекол двете раце за казна по ситна расправија во источната покраина Пенџаб, соопшти локалната полиција во петокот по неговото апсење.
Семејството на момченцето Табасум Шахзад било во кавга со станодавецот Гулам Мустафа и неговиот татко, околу поправка на броило за електрична енергија, изјавил портпаролот на полицијата во Пенџаб, Мухамед Зубаир.
Мустафа го фатил Шехзад, му ги врзал рацете и ги втурнал во подвижниот дел од електрична пумпа за вода, изјавил полицискиот портпарол Зубаир, пренесува агенцијата DPA.
Трагедијата се случила во понеделникот во селото Чак Були во округот Гуџрат. Локален службеник рекол дека станодавецот наводно се обидел да го прикрие страшното злосторство, бидејќи детето го однел во приватна болница и дал крв за него. „Во првиот момент полицијата одби да го регистрира случајот како злосторство, бидејќи обвинетиот рекол дека жртвата му е внук кој случајно паднал на пумпата“, додал неименуваниот службеник.