Монструмот кој ја уби Тијана ќе лежи во „хотел“ со одлични услови, за да не го силуваат!


Месарот Драѓан Ѓуриќ (34) кој брутално ја уби 15 годишната Тијана Јуриќ и кој поради ваквото злосторство е осуден на 40 години затвор најверојатно ќе ја отслужи казната во новоизградениот оддел “Нова Скела” кој е најдобро опремен.

zatvor dragan-djuric500

Тоа значи дека својата казна ќе ја помине во климатизирана ќелија, со телевизор, а на располагање ќе има и библиотека, спортска сала, фитнес сала, љубовна соба, но и неколку оброци по свој избор.

-Според предиспозициите кои ги има овој најобезбеден затвор во Србија, овој монструозен убиец ќе ја одлежи казната во “хотел”, пишува Ало.

Во Нова Скела се наоѓаат затвореници кои се осудени на доживотна казна, но и оние кои покажуваат деструктивно и неприфатливо однесување во други затворски установи.

-Тој ќе биде изолиран од другите затвореници. Нема да биде сместен во самица, бидејќи самицата е казна за непослушност. Бројните примери ни укажаа на тоа дека силувачите и убијците на деца треба да ги изолираме од другите затвореници бидејќи тие се често мета на психичко и сексуално злоставување во затворите. Според зборовите на другите затвореници, ваквите осуденици се дното на човековиот род и поради тоа преживуваат ужасна тортура. Токму поради тоа ги изолираме од другите затвореници, изјавил извор за српски Ало.

Изворот  додал дека овој затвор има ќелии во кои се сместуваат по еден, максимум двајца затвореници а токму во една од нив, и тоа поради безбедносни причини ќе биде сместен и монструмот Драган.

Меѓутоа, додека нема правосудна пресуда не може да се каже во кој затвор ќе ја отслужи казната.

Потсетуваме, Драган Ѓуриќ е осуден на максимални 40 години затвор поради убиството на младата Тијана Јуриќ, ноќта помеѓу 25 и 26 јули минатата година. Нејзиното безживотно тело е пронајдено 13 дена подоцна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1