Монтажна куќа направена со 3Д-печатач – може да издржи ураган и земјотрес (Фото)


Станува збор за проект на Хаус.ме – самоодржлива монтажна куќа која може да се смести каде било. Користи многу малку електрична енергија, а повеќе од онаа добиена од покривни сончеви панели. Има и вградена батерија која може да обезбеди дополнително напојување од една недела, во случај на прекин на дотокот на струја.

Куќата содржи и систем за контрола на квалитетот на водата, паметен систем за прочистување на воздух, како и интегриран биоактивен систем за прочистување отпадни води.

Куќа е 3Д-печатена во композитна полимерна рамка за која компанијата уверува дека може да издржи и ураган и земјотрес. Прозорците се направени од шест слоеви калено стакло.

Куќата може да се проектира за две, три, четири лица, а разликата е во површината и во 3Д-печатените блокови.

дизајнот е достапен во три модели – МОНА која започнува од 199.999 долари; mTwo, куќа од две спални од 379.999 $; и mFour, модел кој се протега на два ката со три спални соби и две бањи што започнува од 1 милион долари. Клиентите можат да го персонализираат основниот модел поврзан со мрежата за да вклучуваат технологии надвор од мрежата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1