Морбидна злоупотреба на СДСМ на ликот и делото на Тоше Проески


Морбидна, нечовечка и нехумана политичка злоупотреба на СДСМ на ликот и делото на Тоше Проески, пишува Курир

Наспроти искреираните материјали кои ги објави СДСМ, вистината е следна. Според информациите до кои дојдовме, трите илјади евра кои семејството на Тоше Проески ги добива за изнајмување на реликвиите во спомен куќата на Тоше Проески се уште се исплаќаат редовно секој месец, пишува Курир .tose2_181010

Досега Владата ја покажа својата искрена и отворена намера кон зачувување и одбележување на делото на Тоше Проески преку изградба на спомен куќа во износ од 5 милиони евра, изградба на пат кон манастирот Свето Преображение, кое беше подигнато по иницијатива на семејството Проески.

Исто така, од материјалот кој СДСМ го објави се дознава уште една работа, дека премиерот Никола Груевски се согласува со барањето на семејството Проески да се изгради почивалиштето на Проески според замислата на семејството.

Бомба 8: „Семејството на Тоше Проески е против нас, да го затвориме музејот“

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1