Велика Британија продолжува да ја провоцира Русија. Последна во низата провокации е деталниот преглед на руски патнички авион од страна на бртитанската полиција соопшти руското министерство за надворешни работи.
Портпаролката Захарова изјави дека без никаква најава полицијци упаднала во авионот кој долетал од Москва во Лондон за да извршат претрес.
Ако Лондон не го објасни потегот, Моксва најави слични мерки кон британските авио компании.
Односите мегу двете земји се влошија од 4 март поради случајот со труењето на екс рускиот шпион Скрипањ во Солзбери. Британија ја обвини Русија дека стои зад нападот и протера 23руски дипломати,по што и Москва избрка 50 британски дипломати.