САД индиректно признаа дека системи на противвоздушната одбрана на Украина се наоѓале во областа на падот на малезискиот патнички авион, со што се потврдуваат претходно објавените податоци од руските сателитски снимки, изјави во неделата за РИА Новости неименуван висок извор во министерството за одбрана на Руската Федерација.
Соговорникот на агенцијата ваквиот заклучок го изведува од изјавата на портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, дека малезискиот „Boeing 777″ над источна Украина на 17-ти јули е соборен со проектил истрелан од територија којашто ја контролираат бунтовниците, во периодот кога украинските противавионски ракетни системи не биле во функција.
„Со својата изјава, американскиот портпарол Џош Ернест имплицитно призна дека средства на украинската противвоздушна одбрана се наоѓале во регионот на Донецк, иако тврдат дека не тие не биел активни”, вели соговорникот.
Истакнува дека САД по една седмица од трагедијата со малезискиот авион, со тоа ја потврдиле автентичноста на податоците што ги направиле руските сателити и снимките коишто ги објави руското министерство за одбрана на 21-ви јули, кога беше објавено дека од групацијата на противвоздушната одбрана на вооружените сили на Украина во близина на градот Донецк, кој инаку е под контрола на бунтовниците и на чија територија се урна малезискиот авион, биле активни четири ракетни дивизии од системот „Бук-М1″.
„Што се однесува до нивната работа, сакам да потсетам дека на брифингот, исто така, беа презентирани објективни факти и податоци за интензивното функционирање на украинските радиолокациски станици на ракетниот систем ‘Бук'”, вели соговорникот на РИА Новости. Така, на 17-ти јули руските системи и средства за набљудување регистрирале девет вклучувања на украинските радарски станици 9С18 „Купол-М1″ во регионот на Донецк кои откриваат и следат летала, истакнува изворот од руското министерство за одбрана.
Во понеделникот, пак, началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на руската армија, генералот Андреј Картаполов, на прес-конференција во Москва изјави дека авион од типот „Сухој Су-25″ на украинскиот воздухопловни сили се наоѓал на 3 до 5 километри од малезискиот авион кој подоцна се урна. Според него, тоа го регистрирал американски воен сателит.
Картаполов на прес-конференцијата се обрати директно до САД со молба да ги достават снимките од тој сателит. „Според нашите пресметки, од 17.06 до 17.21 часот (по московско време) на 17-ти јули над југоисточните области на Украина прелетал американски вселенски уред, овој апарат е експериментален космички систем развиен за откривање и следење лансирање ракети со различни дострели”, рече Картаполов. „Доколку американската страна поседува снимки од тој сателит, би ги замолил да ги обезбедат за меѓународната задница за детално проучување. Случајно или не, меѓутоа трагедијата на малезискиот Boeing и времето на набљудувањето на американскиот сателит на украинската територија се совпаѓаат”, изјави Картаполов.