Со години директорот Сергеј Бебчук организирал детски кампови за студенти, каде што тие биле силувани.
Московските истражни органи започнаа прелиминарна проверка во врска со медиумски пораки за голем педофилски секс-скандал во елитното училиште, пренесе ББС.
Според информации објавени на неколку сајта , директорот Сергеј Бебчук и професорите од „елитното училиште„ со години организирале детски кампови за студенти, каде што имало силувања. Сексуални напади имало и на територијата на училиштето. Обвинувањата за тоа се упатени од дипломци на кампусот и негови поранешни вработени.
Самото училиште беше реорганизирано минатата година и практично затворено. Според жртвите овој чекор е преземен токму за да се прикрие скандалот. А. поранешни наставници од т.н. “Лига на училиштето” продолжуваат да работат со деца, алармираат жртвите.
Сличен скандал избувна во 2016 година и во московското 57-то училиште, кое се смета за едно најдобрите во Русија.