Мотивот за масакарот во Србија – открил дека синот не е негов


Мотив за грозоморниот масакар во Иванча, што се случи пред десетина дена, при кој Љубиша Богданович уби 13 лица, е сомнежот кој го имал убиецот, дека неговиот син Бранко Богдановиќ (42) всушност не е негов.

masakr srbija

Како што јавуваат српските медиуми полицијата дошла до оваа информација по сослушувањето на сопругата на Богдановиќ Јаворка, која што е единствена преживеана од масакрот.

– Богдановиќ некое време се сомневал дека неговиот син Бранко не е негов. Кој бил мотивот за сомнежот се уште не се знае. Она што го знаеме е дека со жената често се карал поради тоа.

Никој со сигурност не може да каже што се случувало во неговата глава, но, судејќи според ситуацијата сомнежот се повеќе се зголемувал, што го натерало Богдановиќ да изврши масакр.

ubica-ljubisa-bogdanovic-ubio-13-ljudi-ubio-dete-decak-david-masakr-selo-ve-1365543431-294293-400x215

– Она што го откривме до сега, е дека Богдановиќ најверојатно мислел дека соседите и роднините знаат одамна дека детето не е негово и дека со години кријат од него, па одлучил да ги убие.

Затоа прво се обидел да ја убие сопругата, потоа го убил синот и мајката, а потоа тргнал да убива се околу него, тврди полицијата.

Богдановиќ во раните утрински часови на 9 април уби 13 лица меѓу кои и 2 годишно детенце.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1