Мотоциклист загина, удри во пешак, пa во автомобил – пешакот повреден


Загина 36 годишен моторциклист а со тешки телесни повреди се здоби пешак во сообраќајна незгода во Охрид.До несреќата дошло откако Стојанчо Иваноски кој го управувал моторот изгубил контрола најнапред удрил во пешак а потоа и во патничко возило марка фолсваген пасат.

Од силината на ударот на лице место починал моторџијата а лицето кое се движело по улицата било пренесен во болницата Свети Еразмо.

Портпаролот на СВР Охрид Димоски апелира учесниците во сообраќајот особено мотоциклистите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и условите на патиштата.

.Иваноски моторот го управувал без кацига а дополнителните анализи треба да покажат со колкава брзина се движел и дали поседувал документација за управување.

Инаку сообраќајките во кои учествуваат и моторциклисти се честа појава ,пред само две недели кај Плетвар загина 20 годишно момче на мотор од Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1