Можно е Италијанките да добијат право на одмор за време на циклусот


Италијанскиот Парламент разгледува предлог закон, доставен од владејачката Демократска партија, со кој компаниите би биле должни на своите вработени жени кои имаат болна менструација, да им дадат по три дена платен одмор секој месец.

Доколку законот биде усвоен, Италија ќе стане првата европска земја во која вработените жени ќе имаат право на службен одмор за време на месечниот циклус.menzis devojka

Предлог законот е оценет од локалните медиуми како „позитивен чекор во помошта на жените кои страдаат од болни менструации“. Меѓутоа, тука се и критичарите, дури и меѓу жените. Имено, некои од поборничките за женски права стравуваат дека овој потег може да има контраефект во борбата за еднаквост.

Италија е меѓу земјите со најниска стапка на учество на жените на пазарот на трудот, со 61 насто, што е далеку под европскиот просек од 72 насто.

– Доколку им биде дозволено на жените да земаат три дена платен одмор секој месец, тоа ќе значи поголема предност за мажите при вработување, смета активистката Лоренца Плеутери.

Италија, инаку, веќе има закон кој на жените им обезбедува пет месеци платено породилно отсуство, со право на 80 отсто од платата, а покрај тоа и двајцата родители имаат право на шест дополнителни месеци родителско отсуство со право на 30 отсто од платата.

Постојат и стравувања дека ваквиот закон ќе ги засили предрасудите околу преголемата чувствителност на жените во „оние денови од месецот“.

Слични закони веќе постојат во некои кинески провинции, Јапонија и Јужна Кореја, а таква пракса имаат и некои приватни компании, како што е „Најк“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1