Мозочен удар спречувала чинија шпагети – тврди ново истражување


Порција интегрални тестенини со домати и мешана салата може да го намали ризикот од мозочен удар, тврдат истражувачите .Една порција интегрални житарки со две порции овошје и зеленчук пружаат околу осум грама влакна, истакнуваат британските истражувачи.

spageti

Откриле дека лицата кои внесуваат влакна имаат помал ризик од шлог, а веројатноста да добијат мозочен удар опаѓа за осум отсто по секој оброк богат со овие хранливи материи.
Добар извор на влакна се интегралните житарки, овошјето, зеленчукот и јаткастите плодови, кои содржат состојки кои што телото не ги апсорбира во текот на варењето.

Тие додаваат дека поголемиот внес на храна богата со влакна е важен за се, а особено за лицата кои веќе спаѓаат во ризична група како дебелите, пушачите и лицата кои имаат висок крвен притисок.
Растворливите влакна, кои се разложуваат во вода се оние кои потекнуваат од јачменот, грашокот, гравот и слични продукти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1