Мрачната страна на Стив Џобс


Основач на Епл, Стив Џобс, немал толку хармоничен однос со неговата ќерка Лиза Бренан Џобс, како што е тоа прикажано во филмот за неговиот живот. Тој во почетокот воопшто не ни признавал дека е татко на Лиза, но кога добил потврда од анализата на ДНК, тврдел дека тестот е нецелосен. Дури подоцна се извинил и ја прифати одговорноста за детето, исплаќајќи и на нејзината мајка по 385 долари месечно, согласно судската одлука.liza

Иако заработувал милиони, подоцна имал обврска да плаќа само 500 долари алиментација.Односот со ќерката го подобрил дури кога таа почнала да оди во средно училиште и ја поканил да живее во неговата куќа. Таа запишала студии на Харвард и дипломира во 2000 година.

Во интервјуто, на 5 – годишнината од смртта на татко и, Лиза истакнала дека без оглед на се, сепак му била благодарна. ” Тој не поттикнуваше да ги оствариме своите соништа. Можеби би било премногу за мене да ме натераше да одам по неговите стапки“ изјавила Лиза.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1