Мрачните тајни на Меланија Трамп – Словенката била ескорт дама?


Откако станаа сериозни шансите да стане прва дама на САД, скандалите од животот на Меланија Кнавс излегуваат речиси секојдневно. Имено објавена е неавторизирана книга „Од бордел до Белата куќа:Вистинска приказна за Меланија Трамп“ во која се тврди дека модната агенција за која Меланија работела порано, всушност била „клуб за фини господа“. Иако не постојат докази за тоа, самите обвинувања доволно ги оптоваруваат Трампови.Melania-Trump

Пред две недели словенечкиот весник „Сузи“ објави приказна на четири страни за тоа како њујоршката агенција за која работела Меланија своевремено, пружала и ескорт услуги. Сопственикот на агенцијата, Паоло Замполи ги отфрла тие тврдења, а авторот на текстот се повикува на неименувани извори од Америка.

Иако сите овие обвинувања не се докажани, од Словенија пристигна уште еден потенцијален проблем за Меланија. Нејзиното прво момче, Петер Бутолн, наводно поседува нејзини фотографии во топлес и долна облека, за која таблоидите му нудат многу пари. Бутолн засега ги одбива понудите за продажба, но веројатано чека цената да им порасне, кога Меланија ќе стане прва дама на САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1