Македонската Радио Телевизија распиша конкурс за избор на директор и заменик, кои ќе дојдат на местата на досегашните Марјан Цветковски и Харун Ибраими.
Тие се избираат со мандат од три години, со можност за уште еден мандат.
Кандидатите што ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република Македонија, да имаат високо образование, да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години, да имаат над пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото.
Директорот и заменикот ќе ги избира Програмскиот совет на МРТ во кој има 13 членови.