Шри Ашутош Махараџ, богат верски лидер од градот Џаландахар во сојузната индиска држава Пенџаб, починал или влегол во состојба на длабока медитација. Што од ова е вистина треба да одлучи судот, а од одлуката ќе зависи кому ќе припаднат околу 170 милиони евра, сума на која се проценува неговиот имот.
Семејството на овој гуру, сопругата и синот, сметаат дека тој на 29 јануари оваа година починал од срцев удар, додека припадниците на неговата општествено – спиритуална организација тврдат дека тој е во состојба на длабока медитација, позната како самади.
„Тој има минато многу години медитирајќи на температура под нулата на Хималаите, така што во тоа нема ништо невообичаено. Ќе се врати во живот откако ќе почувствува дека е вистински момент за тоа, а ние до тогаш ќе се погрижиме да му го зачуваме телото“, тврдат неговите следбеници кои го чуваат неговото тело.
Полицијата од Пенџаб потврдила дека Махараџ починал, но Врховниот суд од оваа република пресудил дека станува збор за спиритуална работа и не сакал да се меша. На семејството сега му преостанува апелациониот суд, а до неговата одлука, гуруто останува таму каде што е – во замрзнувач.