Во бараките сопственост на Министерството за здравство вчера било пронајдено непознато починато лице.
Од Министерството вчера околу 10 часот пријавиле дека лицето било најдено во бараките лоцирани до медицинското училиште „Панче Караѓозов“.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Уште еден починат на возраст од 36 години бил најден во семејна куќа во Куманово. Телото на починатиот е предадено за обдукција.