Вчера во 11.30 часот во ПК Чашка, Б.Ј. од с.Чашка, велешко, пријавил дека во близина на селската чешма, во возило сопственост на ЕВН, на возачкото место бил пронајден починат Б.Б. (40) од Велес.
Смрт без траги на насилство е констатирана од страна на екипа од Итната медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.