Мртов маж во светиноколско: Сопругата пријавила самоубиство, полицијата се сомнева – што се случувало?


Расправија, мртов маж, пријава за самоубиство и пронајдени три чаури. Што се случувало вчера попладне во светиниколското село Богословец полицијата допрва ќе открива.kukja-policija-lenta

Она што засега е познато е дека 68 годишната Л.К. вчера пријавила во полиција дека во нивната куќа во дневната соба го пронашла починат нејзиниот сопруг Ф.К. (78), со прострелна рана во главата, а до него се наоѓал пиштол калибар 7,65.

-По применото известување местото било обезбедено, а бил запознаен и Јавен обвинител. Бил извршен разговор со Л.К. и нејзината мајка М.С(89) од истото село. Истите изјавиле дека околу 15.30 часот помеѓу Ф.К. (кој бил во алкохолизирана состојба) и Л.К., поради нарушени брачни односи, настанала расправија при што Ф.К. ја влечел за коса, а таа го удрила со дрво за огрев во пределот на главата. Според нивните изјави, Ф.К. почнал да им се заканува дека ќе ги убие и девете, по што тие, исплашени, излегле од куќата и отишле во помошниот објект. По извесно време слушнале еден истрел од огнено оружје и Л.К. и М.С. се вратиле во куќата, каде го затекнале Ф.К. застрелан во главата, информираат од полицијата.

Во 20.50 часот Јавен обвинител започнал со вршење на увид, но во 23.55 часот бил прекинат, со цел да продолжи денес во содејство со доктор–обдуцент и крим.техника(балистика) од МВР, поради сомнителни околности. Имено, од полицијата информираат дека се пронајдени три испукани чаури.

Заради расветлување на настанот, по налог на Јавен обвинител, мајката и ќерката се лишени од слобода и задржани во полициската станица во Свети Николе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1