Тело на мртов маж е пронајдено во конференциска сала во седиштето на Apple во Купертин, Калифорнија.
Како што пишува LA Times, мажот е пронајден застрелан во главата, а покрај телото бил пронајден пиштол.
Сѐ уште не е познат идентитетот на жртвата, а според првичните информации станува збор за самоубиство.
Apple засега не го коментира случајот.