МРТВ ќе добие четврти канал, вториот ќе биде само за албанската заедница


Јавниот радиодифузен сервис ќе добие четврти канал на кој ќе се емитува програма на јазиците на малите заедници, а вториот ќе биде целосно на албански. Министерството за информатичко општество и администрација предложи амандмани на законодавството за медиуми, меѓу кои еден амандман за нов канал наменет за ромската, српската, влашката, турската и босанската заедница.Министерот Дамјан Манчевски истакна дека целта на ваквата одлука е поголема професионализација на јавниот сервис.

За реализација на ваквиот проект ќе треба дополнување на предвидениот буџет на МРТ за следната година, но тоа ќе се прави во зависност од потребите.

Буџетот на МРТ за идната година изнесува околу 15 милиони евра, односно околу 5 милиони евра помалку во однос на сегашната ситуација. Тоа дополнително ја отежнува работата на јавниот сервис, а се загрозува и независноста на оваа институција, смета претседатѕелот на ЗНМ Насер Селмани. Според него, прво треба да се овозможи одржливо финансирање, а дури потоа да се промовираат нови проекти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1