Телото на 24 – годишна девојка од Мала Речица е најдено утринава околу 10 часот во водите на реката Радика, близу село Ростуше. Таа била пронајдена во потонат автомобил „Ауди 4″ со скопски регистарски таблички.
Според досегашните информации на МВР, „Аудито” излетало од патот Дебар – Маврово и завршило во водите на Радика.
Од полиција велат дека се работи на расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на жртвата.