Мртви ладни си ги врежале имињата на римскиот Колосеум за спомен – 2 жени успсени


Против две Американки, кои во саботата во Рим беа фатени како ги врежуваат своите имиња на ѕид во Колосеум, ќе биде подигнато обвинение поради вандализам, соопшти денеска италијанската полиција.

Две девојки од Калифорнија, на возраст од 21 и од 25 години, се приведени пред два дена затоа што биле фатени како ги врежуваат своите имиња на горното ниво на Колосеум. Девојките се пуштени од притвор, но против нив ќе биде поднесено обвинение за предизвикување штета на споменикот.koloseum-550x272

Полицијата, оценувајќи дека таквите дела се „крајно опасни“, наведе дека двете девојки, сепак, се извиниле поради вандализмот.

„Никој не размислува за штетата што ја прави. Тие ги врежале своите имиња во антички камен. Тоа не е како да пишувате со пенкало што може да се исчисти“, рекол портапаролот на полицијата.

Руските туристи, кои во ноември минатата година беа осудени поради истото дело, мораа да платат 20.000 евра и беа казнети со четири месеци условен затвор.

Минатата година, вкупно пет туристи беа казнети поради вандализам на Колосеум.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1