Кејт и Дејвид Ог биле скршени од тага кога едно од нивните близначиња, кои прерано се родени, престанало да дише.
Лекарите им рекле дека нивното машко бебе нема да преживее и докторите им го донеле за последен пат да го прегрнат. Тогаш се случило чудо.
Дејвид легнал на креветот до својата сопруга за да го прегрнат заедно своето бебе, и тогаш тоа почнало да се движи и да дише. перосналот на болницата влегол во собата из аедно го вратиле бебето во живот.
Од тој ден поминале 5 години. Џејми Ог денес е здраво и среќно дете кое освен својата сестра близначка Емили, има и мал брат.
– Ни беше многу тешко. Околу 20-тина луѓе беа во собата и цели 20 минути се обидуваа да го оживеат и тогаш се откажаа. Тие кажаа дека веќе ништо не може да направат. Телото му беше студено и јас силно го прегрнав, прв и последен пат. Тогаш мојот сопруг ја соблече маичката и легна во креветот. Го прегрнавме и плачевме од дното на душата. Му зборувавме дека има мала сестра на која и е потребен, и дека му избравме име и му го кажавме и значењето на името. Тогаш ги отвори очите, почна да дише и го фати прстот на Давид – се присетила Кејт.
По неколку години близнаците добиле и мал брат Чарли кој сака да зборува со нив.
– Тој им раскажува како е роден дебел, а тие слаби, и дека Џејми е роден мртов па оживеал. Сите околу него ја знаат таа приказна – изјавила Кејт.
Џејми нема никакви здравствени проблеми ниту последица од тоа што му се случило при породувањето.