Живо родено било бебето, кое студентка од Скопје го фрли во корпа за отпадоци во тоалет на граничниот премин Табановце во март оваа година и замина на апсолвентска екскурзија во странство, покажале разултатите од обдукцијата што стигнале во Основното јавно обвинителство во Куманово, објави порталот СДК.мк.
Настанот се случил на 29 март, кога студентката Т.И.(23) од Скопје, која била во поодмината бременост тргнала со своите колеги на екскурзија. Додека чекала на граничниот премин да ја поминат пасошката контрола почувствувала силни болки во стомакот и заминала во тоалетот. Таму се породила и го фрлила бебето во корпа за отпадоци, по што го покрила со хартија. Потоа се вратила во автобусот и продолжила со патувањето.Бидејќи и се влошила здравствената состојба била примена на гинеколошко одделение во Прага, Чешка.
Мртвото новороденче било пронајдено наредниот ден додека вработените го чистеле тоалетот. Случајот бил пријавен во Кумановската полиција, а по прегледување на камерите и во соработка со организаторите на ексурзијата утврден е идентитетот на мајката. На 18 април кога се вратила од патувањето девојката била приведена.
Т.И. ќе одговара за убиство на дете при породување. Таа се бранела во полиција дека не знаела оти е бремена.