Мртвото женско тело кое го открија гемиџиите во Вардар е на 74-годишна велешанка


Според информацијата од СВР Велес, мртвото женско тело кое денеска околу 10.30 часот беше забележано од учесниците во Вардарската регата „Гемиџии“ во водите на Вардар во близина на велешкото село Караслари, попладнево е извлечен и идентификуван.

ilustracija

ilustracija

Станува збор за Александра Т. родена 1941 година од Велес, а која од страна на нејзиното семејство била пријавена во СВР Велес како исчезната.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, по наредба на јавен обвинител телото на жената е предаден на семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1