Министерството за труд и социјална политика согласно задолжението на Владата на Република Македонија од седницата одржана вчера, известува дека се задолжуваат сите органи на државна управа а се укажува односно препорачува на другите државни институции и на единиците на локална самоуправа да ги ослободат од работа во времетраење од 15.8.2016 (понеделник) до 19.8.2016 (петок) вработените во поплавените подрачја, односно оние кои живеаат во Стајковци и Синѓелиќ.
Исто така се препорачува и на приватните компании (фирми) да ги ослободат од работа во наведениот период вработените кои живеат во поплавените подрачја односно во населените места Стајковци и Синѓелиќ.