МТВ: Напад на женска „армија“ под „команда“ на Ангелов


mtv 444

foto Plusinfo

Стојанче Ангелов кој повеќе од недела  организираше протестни собирања пред зградата на МТВ, барајќи јавниот телевизиски сервис да ги емитува снимките од прислушкуваните разговори , се обиде да ја оствари својата намера – да ги достави снимките до уредништвото – користејќи ги жените.

Тој ги повика сите жени на денешниот протестен собир да се обидат да влезат во зградата и да им ги дадат на уредниците снимките со разговорите. Ангелов рече дека тоа е хипи револуција во која ќе се шири љубов, за разлика од омразата што ја шират власта и нејзините поддржувачи.

Меѓу првите пред вратата на МРТВ стасаа актерките Синоличка Трпкова, Ирена Ристиќ, Софија Куновска…

Многу од жените ги гушкаа полицајците пред вратата минувајќи меѓу нив. Им даваа цедиња со снимки од разговорите, но сепак не успеаја да влезат во зградата.

PlusInfo

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1