Му било досадно па купил грепка – стана милионер


Еден жител на Њујорк стана милионер, откако непланирано решил да купи грепка за наградна игра.

Имено, додека чекал во сервис да му ги напумпаат гумите на неговиот автомобил, 20-годишниот Ентони Ајварон решил да купи грепка за побрзо да му помине времето.

Откако ја изгребал картичката, останал во шок кога видел дека освоил џек пот во износ од еден милион долари.

По добивањето на премијата Ајварон изјави дека решил да купи лоз во вредност од 10 долари, какви што редовно купувала неговата тетка.

Откако ќе го плати данокот на добивка, на Ајверон ќе му останат 662.000 долари

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1