Му дава 10.000 долари на оној кој ќе докаже дека Бог не го создал светот


Доктор Џозеф Мастеропаоло е научник кој што верува дека Бог го создал светот. Тој нуди 10 000 долари за оној што пред суд ќе докаже дека науката ја побива дословната интерпретација на Книгата постанок.

earth_06122012Тој го отпочна натпреварувањето Литерал генезис трајл во надеж дека ќе се зголеми квалитетот на аргументите во расправите помеѓу оние што веруваат дека светот е дело на креација и оние што веруваат дека тој е дело на еволуцијата. Доколку некој се одлучи да влезе во дебата со него тој ќе вложи 10 000 долари како залог.

Истиот изос ќе мора да го приложи и противникот, така што победникот ќе добие 20 000 долари.

Аргументацијата не би се одвивала на вистински суд туку низ алтернативен начин на спор, т.н. мини-судење. Тоа нема да се одржи во судница, но Мастерпаоло тврди дека на него ќе бидат присутни судски службеници, а оти претставените докази мора да бидат “објективни, добри и доверливи”.

Мастерпаоло појаснил дека ќе направи листа на потенцијални судии, а околу конечниот избор ќе мора да се договорат сите учесници.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1