Лицата А.А. (22), Н.Љ. (23) и Ж.Љ. (26) сите од Скопје, поради основано сомневање дека минатиот викенд, поточно на 12-ти овој месец сториле кривично дело – “противправно лишување од слобода“, добиле кривична пријава.
МВР информира дека киднапираниот бил мачен и малтретиран психички и физички.
Скопјанецот минал низ вистинска голгота. Весникот ВЕСТ пишува дека двајца браќа и нивен пријател киднапирале скопјанец, откако разбрале дека станот кој им го изнајмил не е негов туку на негова пријателка.
-13 часа свирепо го малтретирале со електрошокови, му гаселе цигари од телото, крвнички го тепале,а потоа, откако го истрижиле, го фрлиле на улица во центарот на Скопје, пишува ВЕСТ.
Претепаниот успеал да сопре такси-возило на улицата каде што бил фрлен и побарал лекарска помош во градската општа болница “Наум Охридски”, од каде што случајот бил пријавен во полиција.