Му ја зеле личната карта и не му дозволиле да гласа во Центар


Граѓанин на Центар пријавил дека вчера за време на локалните избори член на избирачки одбор му ја зел личната карта и не му дозволил да гласа.

licna karta350– На подрачјето на полициската станица Центар, лицето Д.С.(1967) поднел пријава против непознато лице член на избирачка комисија на гласачко место бр. 2867 во Скопје лоцирано во ОУ „Коле Неделковски“ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, се наведува во соопштението од МВР.

Д.С. пријавил дека вчера околу  17:30 часот со намера да го оствари своето гласачко право отишол на гласачкото место, но откако влегол на гласачкото место и ја дал личната карта на засега непознато службено лице кое што ги спроведувало изборите, настанала гужва на гласачкото место, по што при таа гужва службеното лице му ја одзело личната карта, ја ставило во џеб и му кажало дека не може да гласа, по што лицето ја напуштило просторијата и отишло во непознат правец.

Д.С. настанот го пријавил и во Државната изборна комисија и Општинската изборна комисија „Центар“ каде поднел приговор за попречувањето на неговото избирачко право.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1