Му направија психолошка анализа на Владимир Путин – еве што велат


Американскиот весник „Њујорк тајмс“ направи психолошка анализа на Владимир Путин. Според наводите на американсците руската интервенција во Сирија може лесно да се објасни. Таа се должи „на стравот на Владимир Путин од немоќната државна власт“.

„Тајмс“ пишува дека тој страв кај Путин за прв пат се родил во ноќта на 5-ти декември 1989-тата година. Тогаш Путин како припадник на КГБ ги гледал илјадниците исочногермански граѓани во Дрезден како го завземаат седиштето на Штази, односно тајната полиција.putin moskva

Тогаш младиот официр на руската тајна полиција го гледал падот на Берлинскиот ѕид, додека руското влијание во Источна Германија било на апарати за преживување.Без разлика на релативно мирното завземање на седиштето на Штази, Путин тие демонстранти ги сметал за опасни и пореметени, пишува „Тајмс“ и додава дека како млад официр на КГБ, Путин се чувствувал виновен за пропаста на Источна Германија.

„Се чувствувам дека сум лично виновен за завземањето на таа зграда“, наводно му рекол Путин на неговиот стар пријател Сергеј Роулдугин. Источна Германија наскоро исчезна, по што следеше и крахот на СССР.

Весникот понатаму нагласува дека сенките од масовните протести и владеењето на масите го прогонуваат Путин за време на целата негова кариера и ги споредува масовните протести во Источна Германија со оние во Сирија во 2011-тата година кога „демократски ориентираните граѓани“ се побуниле против Асад.putin11

Путин ваквите протести ги смета за незаконска узурпација на авторитетот на власта. Таквите демонстрации се противат на уверувањето на Путин дека државната власт е над се и над сите.

Распадот на Советскиот сојуз и хаосот што следеше потоа, кај Путин разви лошо мислење за неограничената демократија, но и за карактерот на неговите сограѓани. Протестите што го забрзаа распадот на Советскиот сојуз го оставиле рамнодушен, но одговорот на Јелцин на уставната криза во 1993-тата година во него создаде некој вид воодушевување кон тогашниот претседател. Имено, Јелцин ја повикал војската да му помогне во решавањето на кризата, која ја гранатирала дури и зградата на рускиот парламент. Ваквиот цврст став му се допаднал на Путин, пишува „Њујорк тајмс“.

Поуките што Путин ги извлекол од владеењето на Јелцин се дека само цврстата државна власт може да ја сочува Русија од економскиот и политичкиот хаос на 90-тите. Рускиот народ заостанал, неможе да се прилагоди на демократијата како што тоа беше во вашата земја. Им треба време, наводно рекол Путин на состанокот на странските академици.

Американската поддршка за обоените револуции во поранешните советски републики, Грузија 2002, Украина 2004, Киргистан 2005-та година, за Путин била доказ дека Американците водат политика на рушење на власта во државите што некогаш биле под руско влијание.putin mecka

Путин смета дека граѓанската војна во Сирија е само последен во низата конфликти што настануваат по рушењето или заслабнувањето на централната власт по пат на американската агресија. Ако ја погледнеме историјата на американските интервенции само во последните 20 години, тоа убедување се чини сосема оправдано.Американскиот весник додава дека суштината на интервенцијата е во Путиновата одбрана на принципот дека државата е семоќна и дека таа треба да се брани од ордата демонстранти и побуненици. Тоа е истовремено порака што се однесува на Сирија, но и на самата Русија, што можеби најдобро се илустрира со дел од говорот на Путин во ОН.

,,Нациите не би требало да бидат присилувани да прифатат некој модел на развој само затоа што некој го прогласил за правилен. Советскиот сојуз истовремено се обидуваше да изведе разни општествени експерименти, барал промени во другите држави по идеолошки основи, а тоа доста често имало трагични последици и деградација на условите за живеење наместо напредок, рече Путин на Генералното собрание на ОН.,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1