Му се заканил со пиштол ако не ја повлече пријавата против него


На Б.Ш. (43) од Скопје вчера околу 17.15 часот му се јавил Д.С. (40) од Скопје и го повикал да се видат со цел да го решат недоразбирањето кое го имал претходниот ден со неговиот татко К.Ш..

Откако се сретнале, Д.С. почнал да го навредува Б.Ш. и да му се заканува дека ќе го убие него и неговиот татко доколку не ја повлече претходната пријава.

Во еден момент Д.С. извадил пиштол и го вперил кон Б.Ш.. Тогаш Б.Ш. го фатил Д.С. за раката со која го држел пиштолот и успеал да го совлада.

Во тепачката, Д.С. се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1