Рогељо Андаварде од Единбург во Тексас во вторникот во друштво на сопругата уживаше во мирна семејна вечера кога во домот им влегле двајца маскирани и до заби вооружени мажи и го одвеле.
Преплашената Марија Хернандез го повикала одделот на локалниот шериф и го пријавила киднапирањето. Тој покрена опсежна потрага во која било вклучен и хеликоптер.После цела ноќ и ден безуспешна потрага, шерифот Гуадалупе Тревино ги повлекол своите луѓе.
Марија со страв го очекувала повикот од киднаперите на сопругот, но на нејзино големо изненадување тој се појавил во четвртокот наутро и објаснил дека неговите киднапери покажале милост и го пуштиле дома.
Но, на истражителите приказната не им звучела веродостојно, па случајот дополнитело го истражиле. После макотрпно испитување Рогељо признал дека целата случка ја измислил за да може да помине некое време со своите пријатели и малку да се забавува.
– Е па сега убаво ќе се забавува во затворот, порача после затворањето на истрагата шерифот Тревино и додаде дека ова може за некој да звучи смешно, но сепак се работи за многу сериозен случај.
– Но, затворот не е ништо во споредба со тоа што го очекува дома. Мора сето ова да го објасни и на сопругата, заклучи шерифот.