Роботот ”iRobot Romb 760” не го издржал досадниот и монотон живот, па решил да се самоубие. Како што вели неговиот сопственик, последната активност за која го искористил било чистење на трошки. Сопственикот го исклучил роботот и тргнал на работа, но роботот самиотсе активирал, отишол до шпоретот, ја вклучил ринглата, го поместил лонецот и седнал на негово место по што прегорел.
Сега, сопственикот се подготвува да ја тужи компанијата која му продала робот кој е бил амоубиствено настроен.
Инаку, научниците се обидуваат да создадат робот кој ќе биде идентичен како човекот – и по физички параметри.