Мухамед Али, најдобриот боксер на сите времиња, се наоѓа во критична здравствена состојба, потврди неговиот брат Раман Али.
Тој вели дека „кралот на боксот“ веќе не го препознава и дека се е во Божји раце, можеби му остануваат месеци, а можеби и само денови од неговиот живот.
„Мојот брат не може да зборува и не ме препознава. Во лоша здравствена состојба е, болеста многу му натежна. Можеби му останаа месеци, но можеби и само денови. Не знам дали ќе го дочека летото. Тој е сега во Божји раце“, изјави Раман Али за медиумите.
Мухамед Али го освои златниот медал на Олимписките игри во Рим во 1960 година, а оценките на боксерските критичари се дека беше најголем во историјата. Во 1984 година на Али му е дијагностицирана и Паркинсонова болест.
Извор – Екипа.мк