Мукоски и Василевски во домашен притвор, Чавков и уште 4 лица вратени во истражниот затвор


Кривичниот суд го одбил барањето на обвинителството за определување мерка притвор на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски и тие остануваат во домашен притвор. На пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и на уште две лица им се продолжени мерките за претпазливост.

Судот им определи 30 дена притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и на уште четири лица обвинети за настаните во Собранието на 27 април минатата година. Обвинетите имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

– За С.В. и К.М опфатени со предлогот на Обвинителството, предлогот се одбива како неоснован, а се продолжува мерката „куќен притвор“ определена со решение на Врховен суд на РМ. од 26.03.2018 година, за Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д., предлогот на Обвинителство се одбива како неоснован, а се продолжуваат мерките за претпазливост определени со решение на Врховен суд на РМ. од 26.03.2018 година, се наведува во соопштението од Судот.

За преостанатите лица опфатени со обвинителниот акт, предлогот делумно се уважува и се продолжуваат мерките притвор и мерките куќен притвор, претходно определени со решение на Апелацискиот суд Скопје.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков е обвинет од основното јавно обвинителство за „крвавиот четврток“ во Собранието, потврди денеска Кривичниот суд и затоа од ноќеска повторно е во притвор.

Иако Чавков вчера со одлука на врховен суд беше ослободен, повторно е притворен поради обвинието за терористичко загрозување на македонското Собрание на 27 април.

-Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт до Кривичниот суд, а заедно со обвинителниот акт побара и мерка притвор, поради што и овој суд одлучуваше и донесе решение за 30 дена притвор – објаснуваат од Кривичниот суд.

Против овие решенија странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решенијата до Апелацискиот суд Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1