Мурињо се разведува по 30 години брак?


Мурињо деновиве додека го коментирал супер дербито од англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Манчестер Сити е виден без венчалниот прстен, кој 30 години не го вадел од раката.

Португалскиот стратег и минатиот месец е снимен без бурмата за време на прошетка во близина на домот. Но, неговиот портпарол за медиумите изјавил „дека е сè во ред во бракот на Мурињо“ и дополнил дека прстенот Жозе едноставно заборавил да го стави на прстот.

Жозе својата сопруга Матилда која е голема хуманитарка ја запознал уште во тинајџерските денови и оттогаш се заедно.

Минатата недела Матилда со нивните две деца 19- годишниот Жозе Јуниор и ќерката Матилда која го славела 23 роденден била во Њујорк.

Интересно е дека сопружниците не се заедно снимени уште од февруари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1