Муслиманите планирале „колеж“ во Власеница во 1992 год.


Сведок на одбраната, на судењето на Ратко Младиќ, кој е обвинет за воени злосторства, изјави дека во 1992 година, во дневникот на еден бошњачки претставник на општината, видел информации за подготовки за напад на Власеница.

Томислав Савкиќ, поранешен претседател на општинското собрание на Власеница, сведочејќи во одбрана на Младиќ, пред Хашкиот трибунал во средата изјави, дека во дневникот на локалниот бошњачки функционер, Изет Реџиќ, во април 1992 година, стоел список на Срби од оваа област, над кој пишувало „стадо за колење“.nezim20halilovic20muderis031rs

Савкиќ, пред судот на ООН, изјави дека во дневникот „јасно стоело што се подготвува“.

Тој објасни дека во него пишувало оти „главниот штаб ги контролира сите операции“, се спомнувал електричен индуктор и било напишано предупредување дека „муслиманските деца треба да се тргнат од средното училиште“ во Власеница.

Тој нагласи дека индукторот се користел за експлозии со демолирачко дејство.

Савкиќ сведочеше дека српските и бошњачките претставници во општината „меѓусебно се почитувале“. Но, нагласи тој, „Реџиќ се чувствувал загрозен и во еден момент ги вооружал своите соработници, вкупно 21“.

Во текот на вкрстеното испрашување, Савкиќ одговори дека списокот од дневникот на Реџиќ бил објавен во локалниот весник “Глас на гласачите“ и дека за неговата содржина разбрал од другите.

Според неколку пресуди на Хашкиот трибунал, силите на босанските Срби ја презеле контролата над Власеница во април 1992 година. Како резултат на нападите и гранатирањето на српските сили, голем број муслимани и други лица од несрпска националност избегале од оваа општина, а оние што останале биле или депортирани или уапсени.

На поранешниот командант на војската на Република Српска, Младиќ, му се суди за прогон и протерување на Бошњаците и Хрватите од општините под контрола на силите на босанските Срби, меѓу кои и општина Власеница. Тој е обвинет и за геноцид во Сребреница, за тероризирање на населението во Сараево, како и за земање на мировници на ООН како заложници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1