Музичар убил тројца членови на својот бенд, а потоа се самоубил


Музичар со иранско потекло во Њујорк убил тројца членови на својата алтернативна рок група, а потоа се самоубил, соопшти полицијата и локалните медиуми.

policija njujork„Мажот пукал во трите лица и ги застрелал. Се чини дека напаѓачот подоцна се убил на покривот на зградата во Бруклин, каде што се случил инцидентот”, рече портпаролот на њујоршката полиција.

Како што наведува њујоршкиот таблоид The Daily News, петто лице е рането и превезено во болница. Таблоидот додава и дека напаѓачот и неговите жртви биле членови на алтернативната рок група The Yellow Dogs и сите биле со иранско потекло.

Според весникот, извршителот на масакрот неодамна бил исфрлен од бендот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1