МВР: Агенти на УБК не се среќавале со кумановската група


Управата за Безбедност и Контраразузнавање немала контакти со припадници на кумановската група. Ова е ставот на МВР на прашањата на АЛСАТ М, а по бројните текстови во домашните и регионалните медуиуми во кои се тврдеше спротивното.

МВР:
„УБК немала контакти со криминално-терористичката група која се стационираше во Куманово. Министерството за внатрешни работи не би навлегувало во полемика и не би ги коментирало медиумите од регионот кои изминатиов период пласираа бројни невистини и шпекулации околу акцијата во Куманово. Истрагата е сеуште во тек и Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да постапува согласно законите на Република Македонија, давајќи го својот максимум за што е можно побрзо затворање на истрагата и откривање на целата вистина пред надлежните судови.“

mvr-zgrada

Освен за оваа тема, до МВР испратиле прашања и за бегството на еден од уапсените во Куманово и за неофицијалните информации дека од Македонија е побарана меѓународна истрага за настаните од 9 и 10 Мај. За тоа како едно лице им побегнало на полицајците близу Брест, кога им покажувало каде е скриено оружјето од Гошинце, од полицијата велат се уште се истражува. За информациите за меѓународна истрага, прашањето го префрлија на друга адреса.

МВР:
„Водењето на истрагата е исклучиво во ингеренција на надлежниот Јавен Обвинител. Оттаму цениме дека прашањата околу инволвирање нам меѓународни експерти во истрагата која е во тек треба да бидат упатени во соодветната институција. Имено, МВР согласно новиот закон само му асистира на надлежниот Јавен обвинител.“

За текстовите, но и изјавите кои говореа за контакти меѓу македонски тајни агенти и лидерите на кумановската група пред настаните од 9 Мај, вчера во јавноста се огласи и Агенцијата за разунавање. Од таму сепак, не одговорија дали нивни агенти навистина се среќавале или не се среќавале со припадници на кумановската група. Но, го осудија разоткривањето на идентитетот на еден од нивните агенти на некои медиуми и поведоа постапка за кривична одговорност. Сепак, во своето соопштение, Агенцијата за разузнавање додаде дека испратиле предупредување пред настаните во Гошинце и Куманово.

Кој го издаде македонскиот агент? Разузнавање ќе ги гони медиумите за објавено фото и идентитет

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1