МВР: Џељо Ајети веќе неколку пати бил цел на атентат


Имало неколку обид за убиство врз него, имаше случаи кога него беше стрелано со ракетен фрлач, беа подметнувани експлозивни направи под негов автомобил или под возило на негови блиски. Во еден случај при обидот за убиство на Ајети друго лице беше застрелано и го загуби животот,информираат од МВР.

4186B025FFACB24DB1403A2E04F5440DПознаниците на Ајети пак велат дека тој се однесувал нормално како да нема сериозни закани, дури и дека не носел пиштол, немал специјален автомобил и постојано си седел во чајџилницата каде што вчеравечер е убиен. МВР ги преброја неговите дела во полициското досие, според кое Ајети имал 18 кривични пријави за 11 тешки дела.

-Има пријави за убиство од небрежност, учество во тепачка, тешки телесни повреди, нелегално поседување на оружје. Што се однесува до пресудите МВР нема такво овластување, нашата надлежност е да поднесеме пријава до обвинителството, кое потоа покренува постапка во судот, изјави во Котевски од МВР.

И покрај ваквото досие Ајети познато е дека тој имал една затворска пресуда од три месеци и неколку прекршочни парични казни. Во скопскиот кривичен суд рекоа дека не може да даваат податоци за конкретно име туку само за постапките кои се во тек како што е синоќешното убиство на Ајети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1