МВР го расчисти случајот во Ченто- покренати кривични против 23 лица


Министерството за внатрешни работи информираше дека го расчистила случајот во скопската населба Ченто кој се случи на 13 април. Освен трите лица кои првично беа приведени бидејќи местеа лежечки полицаец во време на полициски час, идентификувани се уште 23 лица кои протестираа по апењето на нивните сограѓани. Против сите 23 лица ќе биде поднесена кривична пријава.

-По целосно комплетирање на документацијата, изготвена е кривична пријава против 23 лица за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 206 од КЗ и истата е доставена до Основното јавно обвинителство. Покрај ова, а во насока на целосно расчистување на настанот, Министерството за внатрешни работи и понатаму презема соодветни мерки и активности со цел идентификација и на останатите учесници, и по целосно завршување на постапката ќе биде доставен дополнителен поднесок до надлежното ОЈО, соопштуваат од МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1