МВР го соопшти идентитетот на момчето кое се сомничи дека го подметнало пожарот на Матка


На 03.08.2017 година околу 13,46 часот, во Единицата за известување и команда во СВР Скопје телефонски пријавено e дека во с.Долна Матка во близина на кајак клубот, односно шумата спроти реката Треска, е зафатена од пожар којшто се ширел со голема брзина.

Веднаш по пријавата за настанот на лице место излезени се полициски службеници од ПО Сарај, вработени од ЈП Паркови Зеленило, БППЗ Скопје и ЦУК, a известен e и Јавен обвинител.

По превземените оперативни мерки и активности дојдено до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Л.Ш. (17) од Скопје за што од страна на СВР Скопје, по комплетирање на целосната документација, противе него ќе биде поднесена кривична пријава по член 227 од КЗ на РМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1