Министерството за внатрешни работи ја потврди акцијата за апсење која во моментот се случува на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Според МВР, ОСОСК презема мерки и активности во координација со Основното јавно обвинителство на УКИМ, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, и примање поткуп“ сторени од страна на вработени на Економскиот факултет.
Неофицијално, уапсен е професорот и долгогодишен декан, Бобек Шуклев, а осомничени се вкупно осум лица, шестмина професори и двајца наводни помагачи.
Од осомничените уапсен е само професорот Шуклев, а по другите сé уште се трага.
Тие наводно имале разработен систем, полицијата ја проверува инволвираноста и на лица вработени во угостителските објект на факултетот.