МВР: Кастриот Реџепи се појави во полициска станица, вели не бил исчезнат туку бил кај пријател


Министерството за внатрешни работи информира дека пратеникот Кастриот Реџепи се појавил во полициската станица Бит Пазар, каде претходно беше пријавен за исчезнат, по што изјавил дека не бил исчезнат туку бил заминат кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница.

Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, велат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1