МВР нема да толерира нарушување на избирачкото право на 30. Септември


Ќе се казнува секакво попречување на правото на глас на 30 септември, па дури и интернет пораки и активности за кои министерството за вантрешни работи ќе оцени дека се закана на избирчкото право. Министерот Оливер Спасовски на една недела пред референдумот со видео порака за тоа како полицијата се подготвува за граѓанското изјаснување.

„ Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на правото на глас ќе биде санкциониран“, вели Спасовски

Тој потсети дека правото на глас е неприкосновено и нагласи дека тајноста на гласот е гарантирана.

„ Институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември. Секој граѓанин да гласа по сопствено убедување и по сопствена волја. Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Македонија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните“, изјави Спасовски

Во меѓувреме заврши и пријавувањето на болни и изнемоштени лица кои сакаат да гласат, но не можат тоа да го сторат на гласачко место. Државната изборна комисија се уште ги нема собрано вкупните податоци за бројот на вaкви гласачи, но општинските изборни комисии нефоцијално велат дека се работи за мали бројки и тоа неколкукратно помали од пријавени за ланските локални избори.

Референдумот на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за или против членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција ќе се одржи следниот викенд. Иселениците ќе гласаат ден претходно. Во амбасадите и конзултатите ќе гласаат само 2800 избирачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1