МВР: Нема пријава за грабнување или обид за грабнување на деца во Скопје


Министерството за внатрешни работи преку соопштение испратено до јавноста информира дека досега не е пријавен ниту еден случај за грабнување или обид за грабнување на деца во Скопје.mvr-zgrada

-Во врска со информациите кои последните денови се појавуваат на социјалните мрежи дека наводно неколку деца се грабнати или пак имало обиди за грабнувања и киднапирања на деца на територијата на град Скопје од организирана група, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги информира граѓаните и жителите на главниот град дека досега во Министерството не е пријавен ниту еден ваков случај. Министерството за внатрешни работи, исто така, апелира до граѓаните, доколку забележат сомнителни лица во нивните реони, во нивните улици или пак ако слушнат за вакви или слични настани веднаш да пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица, се вели во соопштението на МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1