МВР преку ДНК ќе го бара насилникот кој го претепал бебето


Полицијата преку ДНК анализа ќе го бара насилникот кој го претепал 14 месечното бебе. Ќе се истражуваат сите траги кој ги оставил тој што го претепал бебето кое со денови е на Клиника и не се знае дали ќе се оперира и дали ќе има последици од нанесените тешки телесни повреди, објави 1 ТВ.

„Основното јавно обвинителство Скопје доби писмено известување од МВР, по што изготви наредби за утврдување битни факти во предметот, за ДНК и друг вид анализи на траги. Резултатите од наредените вештачења се очекуваат. Во меѓувреме, МВР продолжува да постапува по дадените насоки од страна на јавен обвинител и презема дејствија за откривање на сторител на кривичното дело“, изјавија од ОЈО за 1Тв.

Од МВР не откриваат детали дали освен мајката и други лица се викнати на распит. Мајката на бебето пак пред два дена откако беше задржана во полиција 24 часа, беше пак пуштена во Шелтер Центарот каде што ја сместија социјалните служби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1