Петнаесет лица се приведени вечерва откако настанала тепачка меѓу две групи на улицата „А.Авдовиќ“ во населбата Ченто.
Во тепачката од страна на едната група каменувал е автобус бр. 65 б кој соообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци при што се искршени четири стакла.
Случајот во полиција го пријавил возач на ЈСП околу 19:35 часот.
Полицијата потврди дека е излезено на местото на настанот и оти во полициската станица Гази Баба се однесени 15-те лица од двете групи за целосно рачистување на настанот